Дома Останати Надал после тешка борба го победи Кирјос и се пласира во четвртфинале

Надал после тешка борба го победи Кирјос и се пласира во четвртфинале

Рафаел Надал по голема борба со 3-1 во сетови го победи Ник Кирјос и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.

Надал одлично го започна дуелот и во четвртиот гем успеа да направи брејк кој му го донесе првиот сет. Кирјос возврати во наредниот сет на идентичен начин, направи брејк исто така во четвртиот гем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во следните два сета се играше тај-брејк, и двата му припаднаа на Надал, првиот со 8-6, а вториот со 7-4.

Во четвртфиналето Надал ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 го совлада Гаел Монфис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Серена Вилијамс му се враќа на тенисот на 44 години!?

Вилијамс, која ја освои својата последна Гренд слем титула во поединечна конкуренција во 2…