Организаторите на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, како и сите љубители на тенисот ширум светот денес добија разочарувачка вест.
Рафаел Надал ја обнови повредата на бутниот мускул пред почетокот на турнирот во Акапулко и нема да може да настапи на турнирите од серијата 1000 во САД кои се играат во март.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот тенисер во светот оваа информација ја соопшти на својот официјален Фејсбук профил.
„Поздрав на сите. За жал поради повредата која ја заработив во Акапулко пред стартот на турнирот е идентична како онаа во Мелбурн. Нема да можам да играм на Индијан Велс и Мајами бидејќи ми е потребно време да се опоравам. Многу ми е жал што се повлекувам од турнирот во Акапулко и тешко ми е што нема да можам да настапам во САД. Ми недостасувате ќе дадам се од себе да се вратам на турнририте во Индијан Велс и Мајами во 2019 година“, напиша славниот Шпанец.