Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Надал: Плачев кога Меси го постигна третиот гол

Надал: Плачев кога Меси го постигна третиот гол

Добро познато е дека Надал е голем фан на фудбалот и воопшто не е изненадување дека со големо внимание го следел Мундијалот во Катар.

Надал уживал во одличното финале помеѓу Аргентина и Франција, а на крајот бил среќен поради неговите пријатели во репрезентацијата на Аргентина, но во исто време и малку тажен поради пријателите во спротивниот табор.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Гледавме спектакуларно финале, секако дека жал ми е за моите француски пријатели. Но, имам и пријатели во Аргентина и во таа насока како еден фудбалски фан среќен бев што Меси стигна до трофејот.

Ова е кулминација на една фантастична кариера, на еден од најголемите на сите времиња. Кога Меси го постигна третиот гол плачев, пред се поради емоциите кои се забележуваа кај човек кој толку многу чекал на ваков успех. Уживање беше да се гледа таков натпревар“, изјави Надал.

Треба да се спомене дека Шпанецот е навивач на Реал Мадрид, сепак тоа не го спречи да му оддаде почит на Меси кој долги години го носеше дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Луис Дијаз на чекор од Баерн Минхен за 80 милиони

Баерн Минхен е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз пр…