Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е еден од најдобрите тенисери во историјата, но на 19 години неговата кариера била доведена во прашање.
Првиот трофеј Надал го освои на Ролан Гарос во 2005 година, но проблемите со левата нога му правеа големи проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Само што го освоив мојот прв трофеј на Ролан Гарос ми кажаа дека повеќе нема да можам да играм тенис поради деформација на левата нога. Болките беа толку силни што морав да седам на сред терен и да го удирам топчето. На крајот успеав да се извлечам“, зборуваше Рафа.
Рафа зборуваше и за ривалството со Федерер.
„За мене тоа е еде нод најголемите и вистински ривалства во историјата. Тој е мој пријател. Ривалството е добро за тенисот, двајцата се бориме цел живот и на некој начин сме слични“, смета шпансиот тенисер.