Дома Останати Тенис Надал го откажа учеството во Монтреал

Надал го откажа учеството во Монтреал

После Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал го откажа учеството на Мастерс серијата во Монтреал (8-14 август).

Причината поради која нема да настапи Шпанецот еш то се уште се опоравува од повредата стомачниот мускул која ја заработи на Вимблдон. Надал во четвртфиналето на Вимблдон и покрај големите болки го одигра мечот и го победи Тејлор Фриц, но потоа не излезе на дуелот со Ник Кирјос.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Иако помина скоро еден месец Надал се уште има проблеми. Шпанскиот ас објави дека и понатаму чувствува болки во стомакот при сервирањето.

Оваа негова одлука дополнително ги подгреа сомневањата дали ќе се опорави до УС Опен кој стартува на 29. август во Њујорк. Во досегашната кариера Надал четири пати го подигна трофејот на овој турнир и после Ролан Гарос тоа е турнирот на кој е најуспешен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

(Видео) Грците може „вода да му носат“: Ѓоковиќ заигра познат танц и ги воодушеви сите

Српскиот тенисер, воедно и најголемиот на сите времиња во овој спорт, Новак Ѓоковиќ се при…