Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако на „Алијанц Арената“ го декласираа Салзбург со 7:1. Баерн во следната фаза поминува со вкупен резултат од 8:2.
Најдобар на теренот повторно беше Роберт Левандовски кој ги постигна првите три гола за Баерн и тоа во првите 20-тина минути. Со овој хет-трик Левандовски стана шестиот играч во историјата кој постигнал барем два хет-трика во една сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред полскиот голгетер тоа го направија Кристиано Роналдо, Меси, Луис Адријано и Марио Гомез. Роналдо е единствениот во историјата кој постигнал три хет-трика во една сезона во ЛШ, тоа на Португалецот му успеа во сезоната 2015/2016.
„Многу добар натпревар за нас, технички неверојатна. Игравме одличен фудбал и отворивме многу ситуации, но од многу ситуации не постигнавме голови. Сепак, постигнавме седум гола“, изјави тренерот Нагелсман.
Задоволство од победата истакна и капитенот на Баерн, Мануел Ноер.
„Мислам дека во реваншот се покажавме во поинакво светло и не им дозволивме толку шанси од контра. Бевме стабилни и во одбраната. Мислам дека со оваа победа испративме порака. Пеналите ни донесоа добар старт и задоволни сме од настапот“, изјави Ноер.
Следниот натпревар Баерн го игра во сабота на гости против Хофенхајм во Бундеслигата.