Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман претпазлив со Виљареал: Не е мала работа да го победите Јувентус 0:3

Нагелсман претпазлив со Виљареал: Не е мала работа да го победите Јувентус 0:3

Баерн Минхен за противник во ¼ финалето во Лигата на шампионите го доби шпански Виљареал екипа која веќе приреди едно големо изненадување, па затоа во германскиот тим се претпазливи.

Виљареал во претходната фаза го елиминираше Јувентус и тоа откако во вториот натпревар во Торино ги победи Италијанците со 0:3.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Виљареал е тим кој е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Од клупата ги води искусен тренер и имаат квалитетен тим со јасно дефиниран стил на игра. Не е мала работа да го победите Јувентус со 0:3. Секако дека сакаме да одиме до крај во Лигата на шампионите, но прво ќе мораме да излеземе и да победи. Фавортиската улога мораме да ја оправдаме и на теренот“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Просинечки добива отказ: Напаѓач кој остави голема трага во Италија ќе биде нов селектор на Црна Гора!

Според информации на хрватскиот Спорт клуб, одлуката на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора е п…