Дома Фудбал Германија Нагелсман: Нема да биде лесно да го задржиме Левандовски

Нагелсман: Нема да биде лесно да го задржиме Левандовски

Иднината на Роберт Левандовски е главна тема во последните недели, бидејќи голгетерот влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен.

Неговиот агент изјави дека Баварците се уште не го контактирале да му понудат продолжување на соработката, а тоа додатно ги разгоре шпекулациите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тренерот Јулијан Нагелсман сака Левандовски да остане во тимот, но свесен е дека тоа нема да биде лесно.

„Сакаме да го задржиме Левановски, но знаеме дека тоа нема да биде лесно. Немам чувство дека сака да си оди и да игра за друг клуб. Ќе донесеме заедничка одлука, сигурно ќе има разговори меѓу играчот и клубот“, изјави Нагелсман.

Во последните денови Левандовски се поврзува со трансфер во Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Хаос: Камерун оди со две репрезентации на АФКОН (!?)

Замислете некој да ви каже дека сте добиле отказ, а вие едноставно одбиете да заминете. То…