„Играчите на Баерн се исто така луѓе и секако може да имаат лош ден“, изјави тренерот Јулијан Нагелсман обидувајќи се да го објасни шокантниот пораз од 5:0 од Борусија Менхегладбах во германскиот куп.
За Баерн беше тоа најтешкиот пораз во купот и најтежок во сите натпреварувања во последните 43 години. Нагелсман овој натпревар го следеше од неговиот дом затоа што е во изолација поради ковид-19.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Покажавме дека сме ранливи, но важно е да извлечеме поука од овој натпревар. Мораме да ги прифатиме критиките. Гласно викав кога го гледав натпреварот дома, соседите сигурно се прашуваа што се случува“, изјави Нагелсман.
Пред Баерн сега е нов натпревар, на гости каја Унион Берлин во рамките од Бундеслигата, а Нагеслман вети дека неговиот тим во овој меч ќе биде поинаков.
„Како шампиони треба повторно да се подигнеме и да се обидеме во сабота да покажеме реакција. Сите бевме помалку изненадени од она што се случи во средата. Се сложивме дека таков натпревар не смее да ни се повтори“, порача Нагелсман.