Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман истакна дека е многу задоволен од потписот на Матиас де Лихт.
Холандскиот дефанзивец веќе им се приклучи на Баварците откако Јувентус се согласи да го продаде за 67 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Де Лихт е еден од најталентираните централни дефанзивци во светот, а се уште е многу млад. Тоа што не избра нас е голем знак и за Баерн и за Бундеслигата во целина. Се надевам дека ќе успее да постигне 7-8 гола“, сподели Нагелсман.
Нагелсман потоа го коментираше заминувањето на Левандовски, кој се пресели во Барселона за 50 милиони евра.
„Барселона е единствениот клуб во светот кој нема пари, но на крајот го купува секој играч што го сака. Не знам како го прават тоа. Сето тоа е многу чудно и малку лудо”, изјави Нагелсман.