Дома Фудбал Италија Нагатомо спречи сензација на „Меаца“: Седмата пенал серија кобна за третолигашот Проденоне

Нагатомо спречи сензација на „Меаца“: Седмата пенал серија кобна за третолигашот Проденоне

Екипата на Интер на домашен терен се намачи против третолигашот Порденоне, па по пенал рулетот екипата од „Меаца“ го обезбеди местото во четвртфиналето од Купот на Италија.

По 0:0 одиграни по 90 минути, Проденоне го имаше големиот Интер се до последен момент во рака.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Во текот на регуларниот дел се нижеа шанси, но не им појде од рака на домашните да поведат и лесно да ја минат оваа фаза против лесниот противник, кој во суштина се покажа како силен во овој меч.

Во финишот на двете продолженија, доминацијата и притисокот на Интер продолжи пред противничкиот гол,  но на изненадување на многумина големиот милански клуб го донесе мечот до пенал партија.

По првата серија од пет пенали, Скринар и Гаљардини, односно Мисураца и Лули ги промашија своите единаесетерци, по што повторно беше 3:3, па се продолжи натаму.

Пресуден за малиот италијански клуб беше промашениот пенал на Пароди во седмата серија, која пак, се покажа како среќна за Нагатомо и Интер кои на крајот го славеа пласманот во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Летово ќе се памети: Договорен уште еден голем трансфер, а овој пат главната улога ја има Челси

Летниот трансфер период веќе ни донесе неколку одлични трансфери, но изгледа најдоброто до…