Дома Фудбал Англија „Навреда е да се купи Озил за 47 милиони евра“

„Навреда е да се купи Озил за 47 милиони евра“

Легендата на Арсенал, Тони Адамс го критикуваше раководството на клубот поради купувањето на Месут Озил од Реал Мадрид за 47 милини евра, а Џек Вилшер го дадоа на позајмица иако е „подеднакво добар“.

„Навреда е да го купите Месут Озил за толку пари кога на истата позиција имате играч каков што е Џек Вишер“, изјави Адамс во интервју за „Evening Standard“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кога Арсенал во 2013 година го купи Озил, Џек Вилшер кој е дете на клубот, го загуби местото во стартниот тим, а минатото лето беше испратен на позајица.

„Да сум јас на местото на Вилшер ќе тропнам на вратата од тренерот и ќе го прашам зошто дал толкава сума на пари за некој чија работа можам да ја завршам јас“, истакнува легендата на Арсенал.

Арсен Венгер никогаш не успеал да најде вистински баланс меѓу одбраната и нападот. Арсенал ова лето мора да се засили во дефанзивата, а не на напаѓачките позиции“, заклучи Адамс.

Тони Адамс боите на „топџиите“ ги бранеше цели 19 години, од 1983 ди 2002 година и одихра повеќе од 500 натпревари во кои постигна 32 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…