Дома Трансфер зона Навивачите слават: Клоп конечно најде добар голман!

Навивачите слават: Клоп конечно најде добар голман!

Преодниот рок започнува за неколку дена, па шпекулациите околу можни трансфери стануваат се погласни.

Голманот на ПСЖ, Кевин Трап сака да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок бидејќи е незадоволен од малата минутажа, а сака да го задржи местото во германската репрезентација за Мундијалот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Информациите од Островот велат дека Јирген Клоп го повикал својот сонародник да му се придружи на „Енфилд“ и му ветил дека ќе биде прв избор.

Интерес за Трап има и од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, но во Ливерпул би имал статус на стандарден голман, бидејќи познато е дека Клоп не му верува многу на Мињоле.

Француските медиуми пренесуваа дека ПСЖ за слободата на Трап бара околу 15 милиони евра, што нема да биде проблем за „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…