Манчестер Јунајтед подготвува големи промени во екипата во летниот трансфер период.
На многу фудбалери на Манчестер Јунајтед деновите во клубот им се одброени. Се очекува да има многу заминувања од „Олд Трафорд“, а Оле Гунар Солскјер во голема мера бара замена на пазарот. Многу имиња се поврзуваат со доаѓање на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, името кое се појави денеска во англиските медиуми веројатно нема да им се допадне на навивачите на тимот од Манчестер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за фудбалерот на Милан, Давиде Калабрија. Наводно Манчестер Јунајтед е подгтовен да испрати понуда за овој 22-годишен фудбалер и тој би требало да биде замена за Ешли Јанг. Покрај Калабрија со Јунајтед се поврзуваат Томас Муние (ПСЖ) и Арон Ван Биска (Кристал Палас), но за сега до дресот на Јунајтед најблиску е Калабрија.
Овој 22-годишен фудбалер има договор со Милан до 2022. година, а оваа сезона има учинок од еден гол и една асистенција во 32 настапи за „Росонерите“.