Дома Фудбал Останато Навивачите на Ривер направија спектакуларно шоу на „Монументал“, но аргентинскиот гигант остана без финале 🎥

Навивачите на Ривер направија спектакуларно шоу на „Монументал“, но аргентинскиот гигант остана без финале 🎥

Aтлетико Минеиро е првиот финалист на Копа Либертадорес откако во реваншот против Ривер одигра 0:0 и така ја зачува предноста која ја имаше од првиот натпревар кога победи3:0.

Навивачите на аргентинскиот гигант направија спектакуларна атмосфера, а фудбалерите упатија дури 35 удари кон противничкиот гол, но изостана реализацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од самиот почеток избраниците на Марсело Гаљардо тргнаа офанзивно, меѓутоа на крајот Атлетико издржа и се избори за финале.

Атлетико во финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Пењарол и Ботофаго кои играат вечерва. Ако не се случи чудо тоа ќе биде Ботофаго бидејќи во првиот натпревар славеше победа од 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриен условот на Халанд за да потпише за Реал Мадрид

Според пишувањата на шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за евенту…