Дома Фудбал Навивачите на Реал испратија јасна порака: Тој мора да биде стартер!

Навивачите на Реал испратија јасна порака: Тој мора да биде стартер!

Навивачите на Реал Мадрид преку шпанските медиуми го кажаа своето мислење.

Реал Мадрид е во тешка ситуација претрпеа промена на клупата, Јулиен Лопетеги си замина после дебаклот во „Ел Класико“, него го наследи Сантијаго Солари.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Поранешниот играч на овој клуб до неодамна го предводеше вториот тим на Реал Мадрид и сега ќе добие шанса на клупата на првиот тим. Аргентинецот стартуваше со победа на Мелија во купот од 4:0.

Солари настапи со комбиниран состав и успеа да слави убедливо, а својот прв старт во дресот на Реал во таа прилика го запиша талентираниот Винсиус Жуниор.

Бразилецот кој како 16 годишник беше платен 45 милиони евра, иако се појавија и вести дека трансферот изнесувал и повеќе во главно игра за вториот тим, но тренира со првиот.
Навивачите веруваат дека тој мора да добие место во стартниот тим.

„Диарио АС“ и „Марка“ напавија гласања за тоа кој би требало да се најде во стартниот тим на Реал за натпреварот против Ваљадолид овој викенд.

Винисус според пишувањето на „Марка“ добил 87% од гласовите, додека на порталот „Диарио АС“ освоил 90%.

Самиот фудбалер е задоволен после дебито во стартниот тим, а судејќи според се би можеле да го видиме и овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи не се откажува од врвниот крилен играч

Антонио Конте чини напори ова лето во Наполи да доведе еден класичен крилен напаѓач. Првио…