Дома Фудбал Репрезентации Навивачите на Косово биле нападнати во Чешка (ФОТО+ВИДЕО)

Навивачите на Косово биле нападнати во Чешка (ФОТО+ВИДЕО)

Навивачите на Косово не поминаа добро во Плзен.

Чешките ултраси ги нападнаа навивачите на Косово пред натпреварот на овие две селекции во рамките од квалификациите за Европското првенство, полицијата имаше и полни раце работа и после натпреварот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мораа констатно да внимаваат на безбедноста на гостите, а навивачите на Косово тврдат дека биле нападнати додека јаделе.

„Јадевме леб, а потоа не нападнаа максирани луѓе. Ова не е спортска атмосфера, ова нема врска со спортот“, изјави еден од навивачите после нередите.

„Никого не провоциравме, нападот беше целосно неочекуван. Дојдовме поради спортот, немавме желба некого да провоцираме. Јас сум татко на две деца, ако има можност ќе ги одведам на натпреварот, ако не ќе видиме. Барем полицијата реагираше“, наведе друг навивач.

Покрај тоа приштинските медиуми се жалат дека повеќе од 200 навивачи не можеле да влезат на стадионот иако имале влезници, од нив наводно биле барани чешки документи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…