Дома Фудбал Навивачите на Барселона собираат пари за Нико Вилијамс. Составот би изгледал страшно

Навивачите на Барселона собираат пари за Нико Вилијамс. Составот би изгледал страшно

НИКО ВИЛИJАМС, крилниот напаѓач на Атлетик кој импресионираше со настапите за шпанската репрезентација на Европското првенство, наскоро би можел да се пресели во Барселона.

Не е тајна дека каталонскиот клуб го сака 22-годишникот за кој прогнозираат дека ќе има одлична фудбалска иднина.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Вилијамс е под договор до крајот на сезоната 2026/27, а Tрансфермаркт го цени на 70 милиони евра. Во последната сезона за Атлетик одигра вкупно 37 натпревари. Имаше учинок од осум гола и 19 асистенции.

Како би изгледал тимот со Вилијамс?
Покрај Вилијамс, Барселона има одлични млади играчи кои новиот тренер Ханси Флик треба да ги внесе во првиот тим оваа сезона. Првиот голман Марк-Андре тер Штеген (32) не е еден од нив, но дефанзивната четворка пред него е многу млада.

На позицијата десен бек се очекува Жил Кунде (25), стопери треба да бидат Пау Кубарси (17) и Андреас Кристенсен (28), а лев бек е одличниот 20-годишен Алехандро Балде. Роналд Араухо ќе се приклучи на првиот тим во одреден момент, кога ќе се опорави од повредата.

Опциите за средниот ред исто така изгледаат изненадувачки добри за клуб во финансиски превирања. Сигурен стартер е Илкај Гундоган, а покрај него најверојатно ќе игра и еден од дуото Педри-Гави и 21-годишниот Фермин Лопез.

Опциите за напад се многубројни, талентирани и квалитетни. Сигурен е Ламине Јамал на десното крило, каде што е заменет со Бразилецот Рафиња и неговиот сонародник Феран Торес. Нико Вилијамс треба да добие загарантирано место на левото крило за да го обнови магичното партнерство од ЕП.

Ова е на штета на Ансу Фати, кој би испаднал од првиот тим. Роберт Левандовски ќе игра на позицијата центарфор, но шанса во текот на сезоната сигурно ќе добие Витор Роке, 19-годишниот напаѓач кој пристигна од Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед му постави ултиматум на Ерик тен Хаг

Ерик тен Хаг веќе трета сезона е на клупата на Манчестер јунајтед, но никако да изгради ша…