Барселона вчера на гости го победи ПСВ во Ајндховен (2:1) во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите и со тоа ја зачува челната позиција во групата Б и избори пласман во осмина финалето.
Во победата со полна минутажа учествуваше Иван Ракитиќ. Играчот за врска на Барселона прерано ја заврши рехабилитацијата која беше предизвикна од истегнатата тетива на десното колено во натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија во рамките на претпоследното коло од групната фаза во Лигата на Нациите пред две недели.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Меѓутоа, навивачите на Барселона беа незадоволни од партијата на Ракитиќ. Многумина на социјалните мрежи напишаа многу критики. Некои навреди дури и ги претераа границите. „Играше како гом*о“, „Беше очаен“, „Треба да го избркаат на клупа“, беа некои од коментарите на незадоволните навивачи.
Имаше и премногу навредливи коментари. Навивачите на Барса тврдат дека тоа што е незаменлив на позицијата играч за врска е поради фактот што Ракитиќ „поседува фотографија од Ернесто Валверде на која е сосема гол“. Некои дури и објавија дека „ќе слават кога Иван Ракитиќ ќе заработи повреда поради која ќе се оддалечи од терените“.
Rakitic NEEDS to be dropped vs Villareal. This form is inexcusable, Im not even one of those idiots who have an agenda against their own players. You shouldnt be able to get away with this in FCB.
— Illusionista (@footymonkey) November 29, 2018
Rakitic has Valverde's nudes.
— IG:Earlen Collings (@CollieD18) November 29, 2018
It's funny how Valverde again got all the blame after a Busquets disasterclass. I've never seen a fan base constantly try to bring down a coach like this. Which is ludicrous considering everything.
— Medo (@Mediostability) November 29, 2018