Дома Фудбал Останато Навивачите на Барса знаат што значи одлуката на Меси да ја избричи брадата

Навивачите на Барса знаат што значи одлуката на Меси да ја избричи брадата

Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси пред неколку дена се појави на тренингот на Барселона со нов изглед, бидејќи по три години одлучи да ја избричи брадата.

Меси ја пушти брадата летото 2015. година и одлучи дека тоа ќе биде неговиот нов имиџ и таман кога сите се навикнаа на неговиот нов изглед одлучи тоа да го промени.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Веднаш сите порачаа дека тоа е знак дека Барселона ќе доминира оваа сезона, бидејќи по неколку недели пред Меси да ја пушти брадата каталонскиот клуб освои тројна круна и седна на тронот на Европа. Исто така, тогаш беше и последен пат избран за најдобар играч во светот. Дали ќе ги исполни овие очекувања на навивачите на Барселона останува да видиме.

„Меси ја избричи брадата. Кралот одлучи дека е доста чекање и дека Лигата на Шампионите се враќа во Барселона, каде и што припаѓа“, напиша еден од навивачите на Барса на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…