Репрезентативецот на Македонија Аријан Адеми е избран за најдобар играч во вториот дел од сезоната во тимот на Динамо Загреб.
Во анкетата која ја спроведе хрватскиот гигант Адеми освои 32% од гласовите на навивачите. Неодамна Динамо стигна до нова титулата во хрватскиот шампионат, а таа беше рекордна за Адеми. Колку многу Адеми направи со Динамо зборува тоа што има повеќе титули од сите останати клубови во хрватското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зад Адеми со 31.5% од гласовите се најде Мислав Оршиќ, а на третата позиција заврши Јосип Шутало со 7.1%. До крајот на сезоната Динамо го очекува уште едно големо дерби со Хајдук, меѓутоа овој пат тоа ќе биде без разултатско значење.
Инаку заедно со Адеми и Стефан Ристовски беше еден од најважните фудбалери на „модрите“ оваа сезона, а за тоа зборува и статистиката која ја собраа хрватските аналитичари – ТУКА.