Реал Мадрид и Барселона вчера одиграа реми 1:1 во првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп.
„Кралевите“ први стигнаа до водство со голот на Лукас Васкез на стартот од натпреварот, додека Барселона стигна до изедначувачки погодок во второто полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На голот на Реал од првата минута прилика доби Кејлор Навас, а за Костариканецот овој натпревар е разочарување за неговио тим.
„Ремито од 1:1 е разочарување за нас. Имавме водство и мислевме дека сме на добар пат да победиме. Сепак, примивме погодок и сега работата ќе биде комплицирана. Треба да бидеме на највисоко ниво во реваншот ако сакаме да обезбедиме место во финалето“, изјави Навас.
https://www.youtube.com/watch?v=CYupyh1K0gI