Жозе Мурињо се уште е без клупски ангажман откако во декември минатата година го напушти Манчестер Јунајтед.
Мурињо констатно се поврзува со повеќе европски клубови што е и очекувано. Еден од клубовите кои најактивно се споменува е и клубот кој го водеше во минатото, Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, подоцна Реал го врати Зидан, па тие најави се намалија. Во овие моменти Реал игра променливо, но Зизу е далеку од отказ. За да се случи такво нешто потребно е тимот да влезе во некоја поголема криза.
И покрај тоа што отказот на Зидан не е на повидок човекот кој е поранешен помошник на Мурињо Луис Кампос е убеден дека Жозе ќе седне на клупата на Реал.
Кампос му беше помошник на Реал во 2012 година и во медиумите е познат како близок до Португалецот.
„Реал Мадрид е нешто големо, исто така и Жозе Мурињо, а кога ќе споите две големи работи успехот и резултатите се неизбежни. Жозе има сиви кое одговара за тренер на Реал Мадрид и убеден сум дека ќе седне на клупата повторно. Заедно со него може да дојде и една голема ѕвезда – Мбапе кога-тогаш ќе биде играч на „кралевите“. Ако сака да биде најдобар мора да премине во Реал“, изјави Кампос.