Фудбалерот на Арсенал, Шкодран Мустафи се најде во центарот на вниманието поради “контроверзната“ прослава на погодокот кој го постигна во неделата против Кардиф.
Мустафи голот го прослави со покажување на двоглавиот орел, како што тоа на СП го направија Шакири и Џака во дуелот со Србија. Споменатиот двоец беше казнет од ФИФА, па се шпекулираше дека слична судбина го чека и Мустафи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Фудбалскиот сојуз на Англија одлучи дека нема ништо спорно во прославата на погодокот па овој германски репрезентативец ќе помине без казна.
Шкодран Мустафи е роден во Германија во албанско семејство од Македонија, а пред Арсенал настапуваше за Валенсија.