Дома Фудбал Англија Мурињо ја откри причината за поразот!

Мурињо ја откри причината за поразот!

Манчестер Јунајтед доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Брајтон, а Жозе Мурињо неочекувано беше доста смирен после поразот.

Според Португалецот, грубите индивидуални грешки кои противникот ги казнил, се причината за поразот.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


„Бевме казнети поради грешките што ги направивме. Направивме неверојатни грешки во некои многу важни моменти. Тие не убија. Особено при третиот гол. Очекувавме да заминеме на одмор при резултат 2:1, што требаше да биде позитивно за нас. Но овој трет гол не доврши. Постигнавме втор погодок премногу доцна. Неделата, која претходеше на дуелот, помина добро и јас очекував тимот да покаже поколективна игра“, изјави Мурињо по мечот.

„Минатата сезона, кога го критикував отворено тимот и го дискутиравме претставувањето, бев обвинет за тоа што сум толку директен. Сега ќе бидам таков, кога добро ќе се претстават. Не можам да бидам критикуван за желбата на моите играчи. Кога го постигнавме првиот гол, мислев дека ќе победиме во овој натпревар, но потоа дозволивме трет погодок“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Германија рутински до втора победа на ЕП

Германската репрезентација рутински ја совлада Унгарија со 2:0 и веќе обезбеди пласман во …