Eкипата на Рома стартуваше со две победи во шампионатот, двете беа со минимален резултат, не примија гол и со многу самодоверба ќе пристигнат во Торино на натпреварот со Јувентус.
Ова ќе биде голема шанса за „волчицата“, а посебно ќе биде интересно да се види Дибала против поранешниот клуб, а за Мурињо како и секогаш веројатно ќе бидат резервирани навредите од трибините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вајналдум се повреди и тоа значи дека Заниоло сигурно нема да замине, но и без него Рома ќе биде еден месец. Во Рома веруваат дека им е потребен напаѓач.
Желбите се познати поранешниот голгетер на Торино, Белоти чека Рома да го отстапи младиот Феликс Џан на Кремонезе и да се отвори место. До крајот на неделата работата би требало да биде завршена.
Второто име е од средниот ред, Саша Лукиќ. Тој се врати во тимот на „биковите“ после мини штрајкот, одземена му е капитенската лента, а изгледа не ја променил одлуката да замине. Рома би требало да биде одличен избор, тука е Матиќ, како и Миле Свилар и тоа би значело дека ќе има српско трио во редовите на „волчицата“.