Тренерот на Рома, Жозе Мурињо пред финалето во Конференциската лига против Феенорд изјави дека ова е неговото најважно финале.




Притоа, потенцираше дека Феенорд има предност бидејќи холандското првенство е веќе завршено.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Историјата и важноста на натпреварувањето се различни, но ова е најважното финале за нас бидејќи ние треба да го играме. Ова ќе биде наш 15-ти меч во Европа оваа сезона. Почнавме во август и патувавме многу. Плативме висока цена во Серија А, губевме бодови против тимови кои имаа цела недела да се подготвуваат за мечот“, истакна Мурињо.




„Се разбира дека Феенорд има предност, и тоа голема предност поради тоа што немаат други натпревари. Ние треба да играме важен меч против Торино. Тие ја завршија сезоната и сега мирно се подготвуваат“, заклучи Португалецот.