Дома Топ вести Мурињо тргнува во акција: На повидок голема трампа меѓу Реал и Манчестер!

Мурињо тргнува во акција: На повидок голема трампа меѓу Реал и Манчестер!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е спремен да го пушти голманот Давид де Геа во Реал Мадрид, но само под одедени услови. Поради тоа медиумите најавуваат голема трампа меѓу „кралевите“ и „црвените ѓаволи“.

Реал Мадрид беше многу блиску до ангажман на Де Геа во 2015 година, но само поради неколку секунди закаснување во праќањето на документите, траснферот пропадна.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сепак, во последно време Де Геа се почесто се поврзува со заминување во „кралскиот“ клуб. Медиумите тврдат дека Мурињо е спремен да го пушти голманот во Мадрид, но за возврат ја бара ѕвездата на клубот од „Бернабеу“.

„Специјалниот“ покрај одредана сума на пари бара барем еден од овие пет фудбалери: Карим Бензема, Лука Модриќ, Тони Крос, Касемиро и Рафаел Варан.

Доколку „кралевите“ понудат некој од овие фудбалери, извесно е дека од следната сезона Давид де Геа ќе го гледаме на голот на Реал Мадрид.

Наводно, Реал во замена за 26-годишниот шпански голман ги понудил Иско или Хамес Родригез, но Мурињо ја одбил таквата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тео Хернандес го стигна Малдини, овој му порача: Ти си специјален!

Милан синоќа запиша рутинска победа против Лече со 3:0, а еден од головите беше дело на Те…