Tренерот на Рома, Жозе Мурињо повторно не беше задоволен од судењето во натпреварот против Фиорентина кој Рома го изгуби со 2:0.




Натпреварот беше решен во првите 11 минути кога Фиорентина ги постигна двата гола преку Гонзалес и Боновентура. Првиот гол дојде после сомнителен пенал и тоа Мурињо не пропушти да го прокоментира после натпреварот.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Занеме дека треба да ги почитуваме навивачите на Рома, но исто така сакаме и ВАР нас да не почитува. Судијата кој седи во својата удобна столица и одзема многу, многу бодови на Рома“, изјави Мурињо после натпреварот.




После вчерашниот пораз Рома има 59 бодови, колку што имаат Фиорентина и Аталанта, а пред финалето во Конференциската лига против Фејенорд во првенството ќе се сретнат со Венеција и Торино.




Ќе потсетиме, со евентуално освојување на Конференциската Лига Рома би обезбедила директен пласман во Лигата на Европа наредната сезона.