Дома Топ вести Мурињо спреми 50 милиони за италијанскиот „бисер“

Мурињо спреми 50 милиони за италијанскиот „бисер“

Младата ѕвезда на Рома, Никола Заниоло ќе биде една од најжешките теми на трансфер пазарот ова лето.

Поради финансиската ситуација Рома ќе биде приморана да ги продава своите најдобри фудбалери.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најсилен интерес постои за Заниоло, за кого е заинтересиран Јувентус, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Тотенхем.

„Спарси“ наводно се подготвени за потписот на Занило да понудат 50 милиони евра. Рома е спремна да го продаде својот „бисер“ но сака повеќе пари бидејќи 15% од трансферната сума ќе заврши во касата на Интер.

Јувентус веќе две години се обидува да го ангажира младиот италијански фудбалер, додека Интер сака да го врати на „Џузепе Меаца“ откако пред две години го испратија на „Олимпико“ како замена за Раџа Наинголан.

Тотенхем за да ја победи конкуренцијата треба да ја подобри понудата и да плати помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…