Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за левиот бек на Селтик, Кјирон Терни.
Наводно, Жозе Мурињо внимателно ги следи настапите на овој 19-годишен фудбалер во последните неколку месеци, а скаутите на Јунајтед се задоволни од неговите изданија.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сеуште не е јасно дали „црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат ведаш или трансферот ќе се реализира следното лето.
Терни е проценет на 12 милиони евра, сума која за Јунајтед нема да преставува никаков проблем. Тој е дете на Селтик, роден е 1997 година, а во првиот тим игра веќе две години, односно од свои 17. Неодамна дебитираше и за шкотската репрезентација.