Дома Фудбал Англија Мурињо се согласи да го преземе Њукасл

Мурињо се согласи да го преземе Њукасл

Бившиот тренер на Манчестер Јунајтед и Челзи, Жозе Мурињо е спремен да започне преговори за да седне на кормилото на Њукасл, пренесуваат англиските медиуми.

Њукасл премина во рацете на шеикот Халеб бин Заед, па „Специјалниот“ очекува да добие повик и конкретна понуда за тренерското столче.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Зделката за купување на клубот се очекува да биде финализирана во следните неколку недели, а новите сопственици го сакаат Мурињо на клупата.

„Ми се допаѓа да работам таму. Ми се допаѓа клубот, стадионот и атмосферата таму. Имаат одлични фанови полни со ентузијазам“, изјави Мурињо.

Мурињо после отказот во Манчестер Јунајтед нема примамливи понуди, па е спремен да го преземе Њукасл каде ќе добие солиден буџет за изградба на конкурентен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Медицинскиот тим на Реал направил срамна грешка при дијагностицирањето на повредата на Мбапе

Медицинскиот тим на Реал Мадрид направил скандалозна грешка при дијагностицирањето на повр…