Дома Фудбал Англија Мурињо се огласи за формата на Погба

Мурињо се огласи за формата на Погба

Жозе Мурињо верува дека настапите на Пол Погба на Светското првенство ќе му помогнат на Французинот да го подобри своето претставување во Манчестер Јунајтед.

25-годишниот играч за врска пред две години за рекорден трансфер дојде на „Олд Трафорд“, но до сега не успеа во целост да ги оправда очекувањата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Не треба ние да го извлекуваме максимумот од него, тој треба да го даде најдоброто од себе. Светското првенство е најдобрата можност за играчот да го извлече најдоброто од себе. Во сезона на клубско ниво може да имаш голем натпревар, потоа послаб и потоа уште послаб. За време на Светското првенство во целост си изолиран од надворешниот свет и мислиш само за фудбал. Голема улога има и мотивацијата. На Светското првенство, одговорноста е многу поголема, и секој е должен да донесува вистински одлуки“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Араухо се шегуваше со Јамал: Погледнете го, како да ја облекол јакната мојата ќерка (Видео)

По убедливата победа на Барселона над Борусија Дортмунд со резултат 4:0 во првиот натпрева…