Дома Топ вести Мурињо проговори за евентуалниот трансфер на Роналдо на „Олд Трафорд“

Мурињо проговори за евентуалниот трансфер на Роналдо на „Олд Трафорд“

Англиските медиуми вчера пренесоа дека главната причина за конфликтот помеѓу Мурињо и управата на Манчестер Јунајтед бил Кристиано Роналдо.

Имено, „Би-Би-Си“ откри дека директорите на Јунајтед сакале да го вратат Роналдо на „Олд Трафорд“, но Мурињо се спротиставил и ставил „вето“ на трансферот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, „Специјалниот“ побрза да ги демантира таквите шпекуалции на медиумите.

„Јувентус со Роналдо е секако еден од фаворите за ЛШ, тие немора да инвестираат за Скудето, целта им е ЛШ. Роналдо е фантастичен играч, врвна класа. Верувам дека ќе имаат два тешки меча против нас во групата“, истакна Мурињо.

„Сакам исто така да кажам дека договор за Роналдо и негов трансфер во Манчестер никогаш немаше на маса ова лето, иако многу медиуми во Шпанија пишуваа за тоа“, јасен беше Португалецот.
Роналдо ќе се врати на „Олд Трафорд“ оваа есен, но во дресот на Јувентус како противник во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…