Дома Топ вести Мурињо понуди „стотка“ за СМС, ако Лацио каже ДА, Погба се сели во Барселона

Мурињо понуди „стотка“ за СМС, ако Лацио каже ДА, Погба се сели во Барселона

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед испратил прва официјална понуда од 100 милиони евра за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Ѕвездата на Лацио е еден од најбараните играчи на трансфер пазарот и готово сигурно дека ќе направи трансфер до крајот на преодниот рок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најконкренет интерес до сега покажуваат „црвените ѓаволи“ кои понудиле 100 милиони евра за Србинот. Италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио бара додатни 20 милиони евра за да го пушти Милинковиќ-Савиќ.

Доколку успее да го реализира овој трансфер, тогаш Мурињо ќе даде зелено светло за трансферот на Погба во Барселона. Каталонците за Французинот нудат 100 милиони фунти, а Мурињо во СМС гледа идеална замена.

До затворање на трансфер пазарот во Англија остануваат уште само два дена, но се очекува да се случат неколку бомбастични трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…