Португалецот, Жозе Мурињо повторно одработи одличен преоден рок.
Имено, според оценките најдобри фудбалери на Манчестер Јунајтед во досегашниот дел од сезоната се Немања Матиќ и Ромелу Лукаку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Manchester Eveninng“ ги објави оценките на Јунајтед во досегашниот дел од сезоната, а Матиќ и Лукаку се оценети со 9.
„Немања Матиќ ќе остане запаметен како најдобро засилување за Манчестер Јунајтед оваа сезона. Тој го направи Јунајтед повторно силен, а на својата позиција направи се за да му помогне на Пол Погба“, наведува овој извор.
За Лукаку кој како што кажавме ја доби истата оценка беше напишано дека би можел да го достигне успехот на Руд Ван Нистерлој кој постигна 36 погодоци во една сезона.
Зад нив со „осмица“ следуваа: Де Геа, Ерик Бејли, Фил Џонс, Хенрик Микхтаријан, Ентони Марсијал и верувале или не, Ешли Јанг кој експлодираше како лев бек.
Најлошо оценет фудбалер е Лук Шо кој доби „четворка“, а за најлошо засилување беше избран Виктор Линделоф кој доби „петка“ исто како Матео Дармијан и Блинд.