Жозе Мурињо зборуваше за славните моменти кога беше на чело на Интер и за една од најголемите победи во неговата кариера, против Барселона на Пеп Гвардиола.
Двата тима се сретнаа во полуфиналето на ЛШ во 2010 година, Интер победи со 3:1 во Милано, а Мурињо сега објасни како го запрел Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Игравме со Цезар на голот, а Маикон, Лусио, Самуел и Занети во одбраната. За време на мечот се позициониравме на различен начин во зависност од движењето на играта на Барса. Тоа беше полуфинале и знаевме дека нашите шанси се на домашен терен бидејќи на Камп Ноу беше многу потешко“.
„Во принцип игравме со Мота, Снајдер, Камбиасо, Ето, Пандев и Милито. Во некои моменти игравме со Пандев централно позади Ето и Милито. Барселона играше со стандардната формација, Иниеста не играше и на негово место беше Кеита. Ибрахимовиќ го покривавме со двајца фудбалери, Меси почна од десно, но има слобода да игра насекаде. Занети го следеше Меси цело време, тоа му отвараше простор на Алвеш да напаѓа, па затоа Пандев го покриваше него“, објаснува Мурињо.
„Меси едноставно не смееше да биде оставен слободен кога се движеше меѓу линиите. Италијанските медиуми зборуваа за „кафез“, бидејќи не го чувавме Меси лично,туку со Занети, Мота и Камбијасо. Ја натеравме Барса да ја дижи топката без да создава опасности. Вториот дел од планот беше како да постигнеме голови. Важно беше нашето движење откако ќе ја земевме топката на средината на теренот. Во тој дел од играта особено важна улога играа Снајдер и Пандев“, заклучи Мурињо.