Дома Фудбал Англија Мурињо: Ова е Англија и добриот старт не мора ништо да значи

Мурињо: Ова е Англија и добриот старт не мора ништо да значи

mourinho

Иако „црвените ѓаволи“ одлично ја отворија сезоната, Жозе Мурињо не дозволува еуфоријата негативно да влијае на неговиот тим.

Манчестер Јунајтед во овој момент после седум одиграни кола  ја дели лидерската позицијата на табелата со градскиот ривал Сити.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


И двата клуба имаат шест победи и едно реми, но „граѓаните“ имаат за „влакно“ подобра гол разлика.

На островот веќе кружат приказни за познатата „втора сезона“ на Мурињо, но тој истакнува дека е прерано за носење такви заклучоци.

„Само што започнавме. Добро стартувавме, но никој не знае како сезоната ќе заврши. Слушам дека луѓет зборуваат за титулата, но јас во овој момент не би сакал да ветам ниту место помеѓу првите четири екипи. Ова е Англија, овој добар старт не мора ништо да значи иако сум задоволен  од тоа како работите се одвиваат. За разлика од минатата сезона, оваа барем до овој момент не губевме бодови во натпреварите во кои влегувавме како фаворити“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…