Дома Трансфер зона Мурињо носи големо засилување во Рома

Мурињо носи големо засилување во Рома

Жозе Мурињо е силно заинтересиран за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на Жозе Мурињо.

Рома се обиде и во летниот преоден рок да го донесе на „Олимпико“, но преговорите со Мехенгладбах завршија без успех.

Швајцарскиот репрезентативец има договор до јуни 2022 година, па Рома работи на неговиот трансфер и може следното лето да го донесе без обештетување. Италијанскиот клуб сака да постигне договор со играчот и ќе се обиде да го донесе во јануари за симболична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…