Дома Фудбал Англија Мурињо не се плаши од корона: Само Тотенхем тренира регуларно (фото)

Мурињо не се плаши од корона: Само Тотенхем тренира регуларно (фото)

Тотенхем е единствениот клуб од Премиер лигата кој одржува регуларни тренинзи. „Спарси“ и понатаму продолжуваат да бидат снимани за документарен филм кој „Амазон“ го подготвува за нив.

Од останатите тимови од Лондон, Арсенал и Челзи се во изолација бидејќи имаат позитивни случаи на корона во своите редови. Кристал Палас ја затвори тренинг базата, додека Ватфорд и Вест Хем имаат намера да ги обноват тренинзите кон крајот на неделата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Повеќето од другите клубови од Англија исто така ги запреа тренинзите. Манчестер Јунајтед и Ливерпул ги прекинаа тренинзите во период од две недели.

Фудбалерите на Тотенхем денес регуларно тренираа и тоа под камери. Документарецот на „Амазон“ треба да излезе на лето, но голема е веројатноста премиерата да биде одложена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Икона на Манчестер Јунајтед влегува во стручниот штаб на Артета!

Габриел Хајнце се договори да се приклучи на тренерскиот тим на Микел Артета во Арсенал, ш…