Напаѓачот на Саудиска Арабија, Мохамед Ал-Сахлави, кој постигна 26 гола во 33 настапи за репрезентацијата, ќе тренира со Манчестер Јунајтед следните три недели.
Иако Жозе Мурињо нема никаков интерес за напаѓачот и барем за сега нема никакви шанси Јунајтед да го Купи, Ал-Сахлави ќе остане во Манчестер, бидејќи клубот има договор со Саудиското Министерство за спорт.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
„Договорено е нашиот играч да тренира три недели со Манчестер Јунајтед, така Бог му помогна. Ова е дел од програмата која сакаме да ја промовираме во спортот во нашата земја“, напиша министерот за спорт на Саудиска Арабија на Твитер.
Јунајтед потпиша договор за соработка со Саудиска Арабија во октомври минатата година и на овој и сличен начин ќе помогне за развојот на спортот во оваа земја.