Дома Фудбал Англија Мурињо му нуди интересна трампа на Реал Мадрид!

Мурињо му нуди интересна трампа на Реал Мадрид!

Една од главните трансфер мети на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде голманот на Манчестер Јунајтед и шпански репрезентативец, Давид де Геа.

Според информациите кои ги лансираа англиските медиуми Жозе Мурињо нема да се противи на трансферот на Де Геа, но само доколку Реал во спортивна насока го испрати Тони Крос.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Давид Де Геа пред две лета „со една нога“ беше во Реал, но трансферот пропадна поради ненавремена размена на документацијата.

„Кралевите“ во летниот преоден рок повоторно ќе тргнат по Де Геа, но сега Мурињо има свој услов и во замена го сака германскиот репрезентативец Тони Крос. Менаџерот на Јунајтед смета дека Крос би бил идеален партнер Пол Погба во средниот ред.

Флорентино Перез најверојатно нема да се согласи на ваква размена бидејќи Крос е незаменлив дел од тимот на Зидан, но сепак медиумите тврдат дека Реал нема лесно да се откаже од Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бербатов: Сите во Манчестер Јунајтед треба да се засрамат!

Продолжуваат критиките на сметка на Манчестер Јунајтед, а откако тоа го направи легендарни…