Дома Фудбал Италија Мурињо: Ми беше срам да гледам што прават судиите

Мурињо: Ми беше срам да гледам што прават судиите

Рома одигра реми против Наполи во Неапол (1-1), а после натпреварот Жозе Мурињо беше бесен на судиите.

Мурињо директно ги обвини судиите дека не и дозволиле на Рома да победи, зашто имале одлуки во корист на домаќинот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Неодамна прочитав нечија изјава дека Лигата може да биде одлучена доколку судиите згрешат на штета на првите три тима во лигата. Лигата може да се одлучува и кога ќе се направат грешки во нивна полза. На моменти ми беше срам да стојам до работ на теренот и да гледам што прават Ди Бело и Ди Паоло“, рече Мурињо

„Имаше црвен картон над Заниоло. Второ, на Заниоло не му беше досуден пенал. Во ред, голманот прв стигна до топката, но го собори Заниоло додека овој уште можеше да ја стигне. Има многу повеќе, но ќе се застанам тука“, додаде Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …