Жозе Мурињо е спремен да ја испрати веројатно најдобрата понуда во историјата на фудбалот за на „Олд Трафорд“ да ги доведе Алваро Мората и Кристиано Роналдо.
Мадрид веќе трет ден е во паника. Кристиано Роналдо е лут на Реал и сака да замине, шампионот на Европа се обидува да потпише „помирување“, но тука се ПСЖ и Манчечстер Јунајтед. Двата богати клуба ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да го направат најголемиот трансфер во историјата.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Прво да потсетиме, мадритските медиуми пишуваа дека доколку дојде до разделба Реал ќе бара 200 милиони евра, но и дека се спремни да ја спуштат цената до 180.000 евра.
Во ПСЖ сметаат дека и тоа е многу, па нудат 140 милиони евра. Тоа е добра основа за продолжување на преговорите, но сигурно дека таа сума нема да ги задоволи апетите на „кралевите“.
Од друга страна Манчестер Јунајтед спрема неверојатна понуда и наводно е спремен да понуди 205 милиони евра. Но тоа не е се, тие го сакаат и Алваро Мората, па за да го добијат и потписот на Шпанецот спремни се во понудата да го вклучат и фантастичниот голман Давид Де Геа.
Значи: 205 милиони евра + Де Геа = Роналдо + Мората. Познато е дека Флорентино Перез уште од поодамна сака во Мадрид да го види Давид Де Геа, од друга страна пак сите знаеме колку Мурињо го цени Мората.
Но, кога би се прашувал само Зидан, Французинот ништо не би менувал. „Марка“ пишува дека менаџерот на Реал веќе го повикал Роналдо и го прашал за што се работи. Наводно му порачал дека е потребен во Мадрид.
Освен него Зидан го повикал и Серхио Рамос, но деталите од тој разговор не се објавени.
Сепак моментите на одлука ќе се случуваат кога Роналдо ќе се врати од Купот на Конфедерации.