Жозе Мурињо го потврди она што се пишуваше во претходниот период, дека добил понуди од Саудиска Арабија, а откри и од кои клубови.
За „Кориере дело Спорт“, португалскиот стратег изјави дека Ал Хилал и Ал Ахли биле клубовите кои се обидувале да го доведат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мурињо во Рома пристигна во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига во неговата прва сезона, а минатата играше финале во кое загуби од Севиља.
„Ал Хилал и Ал Ахли се обидуваа да ме доведат, испратија понуди, но ги одбив и одлучив да останам во Рома. Никогаш никаде не е како што посакувате, се лутам во еден час, но потоа се расположувам, не паѓам во депресија и не се заканувам, го работам тоа што ми е работа“, изјави Мурињо.