Рома вчера го победи Емполи со 7:0 и тоа највисоката победа на „волчицата“ откако Мурињо е тренер на овој тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо истакна дека неговиот тим имал добар настап, но не толку добар за да победи со толкава разлика.
Интересно е што „специјалниот“ истакна и некои работи кои не му се допаднале.
„Добар настап, но не за 7:0. Сакавме да победиме, да победиме со комфорен резултат. Имаше подеми и падови, вклучително и во однос на кондицијата, па сите не беа подготвени да играат 90 минути со висок интензитет. Жал ми е за Емполи, но таков е фудбалот.
Понекогаш тоа се случува. Мене некои работи во играта на мојот тим не ми се допаднаа. Заедно со моите помошници ќе анализираме сè подетално подоцна“, изјави Мурињо по натпреварот.