Дома Фудбал Италија Мурињо изненади: Го советува својот играч да си замине од Серија А

Мурињо изненади: Го советува својот играч да си замине од Серија А

Вчера Рома беше поразена со 1:0 на гости кај Болоња, после натпреварот Мурињо се пожали дека повеќе прекршоци биле направени над Николо Заниоло кои не биле досудени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заниоло во една ситуација доби и жолт картон затоа што судијата сметаше дека глуми. Жозе Мурињо после натпреварот изненади и јавно го советуваше Заниоло да си замине од Серија А.

„Ќе кажам нешто што е против мојот интерес. Ако јас бев Николо Заниоло ќе размислував да заминам од Серија А, за него станува навистина тешко да игра тука. Ме загрижува тоа што гледам како е третиран. Зборувам против мојот интерес, но го советувам Заниоло да оди надвор од Италија“; порача Мурињо.

Сепак, Жозе испрати и честитки до Михајловиќ.

„Му честитам на Михајловиќ за одличниот натпревар. Честитки и до моите фудбалери кои дадоа се од себе“, истакна португалскиот стратег.

Во следниот натпревар Мурињо ќе има проблеми затоа што поради жолти картони нема да играат Абрахам и Красдроп, Ел Шарави, Пелегрини и Виљар се повредени, а Феликс е отсутен поради ковид-19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…