Дома Фудбал Италија Мурињо за херојот на Рома: Затоа што е тој заслужни се неговите родители, не јас

Мурињо за херојот на Рома: Затоа што е тој заслужни се неговите родители, не јас

Рома со голот на 20-годишниот Бове славеше во првиот натпревар против Баер Леверкузен, а тренерот Жозе Мурињо смета дека за неговиот успех се заслужни родителите.

Бове добива минутажа во Рома и го покажува својот квалитет, а Португалецот смета дека домашното воспитување на фудбалерот е причина за неговиот развој.

„Родителите на Бове се заслужни за овој успех, не јас. Тој е културен и професионалец кој се однесува како да има 30 години.

Моја работа е да им помогнам на фудбалерите да бидат подобри, но исто знам дека за да бидеш добра личност мора да имаш прекрасно семејство зад себе“, кажа Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …