Дома Трансфер зона Мурињо за него плати 30 милиони, а сега го продава?

Мурињо за него плати 30 милиони, а сега го продава?

mourinho

Жозе Мурињо има намера да продаде еден од офанзивните фудбалери на својот тим.

Изгледа дека на Хенрик Микхтаријан не му одговара Премиер лигата. Големиот број натпревари во текот на сезоната и нешто посилниот ритам веројатно се причината поради што тој не го покажа својот потенцијал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега медиумите во Англија пренесуваат дека Мурињо наводно размислува за продажба на Ерменецот. Микхатријан не беше во стартниот тим против Њукасл, а Португалецот оваа негова ја објасни со изговор дека се работело за тактички причини.

Но, јасно е дека Микхатријан мора да се врати во форма и да му докаже на Мурињо дека се работи за квалитетен фудбалер кој е спремен на сите предизвици во Премиер лигата, „The Sun“ сега пишува дека Мурињо сака да го продаде.

Мата се врати во стартниот тим и ќе му биде голем конкурент, Ибра исто така може во некои комбинации и тактички промени на Мурињо да го превземе местото на Микхтаријан, а се врати и Погба.

Мурињо ги сака Гризман и Бејл, Французинот веројатно веќе има постигнато договор со Барселона, но Велшанецот и понатаму е реална опција. Доколку на „Олд Трафорд“ пристигне еден од овие двајца Микхатријан сигурно би го напуштил „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…