Дома Фудбал Останато Мурињо е еден од тренерите кои Меси најмногу ги почитува: Секогаш е смешен, но е добар човек

Мурињо е еден од тренерите кои Меси најмногу ги почитува: Секогаш е смешен, но е добар човек

Жозе Мурињо и Лионел Меси никогаш немале прилика да соработуваат, но аргентинскиот фудбалер исклучително многу го цени португалскиот стратег.

Меси беше запрашан кои тренери најмногу ги почитува, а можеби за многумина е изненадување што покрај Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо се најде во неговиот избор.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Ги почитувам сите тренер, но посебна почит имам кон Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо. Кога го победивме Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите, Сер Алекс ме прегрна и ме бакна во чело. Тогаш ми кажа и некои работи кои не ги разбирав, меѓутоа од неговиот говор на тело заклучив дека е одличен човек“.

„Жозе многу го сакам, секогаш многу ме насмејува кога играме против неговите тимови. Во една ситуација кога игравме против Реал Мадрид додека се загревавме пред почетокот ми кажа: Лео, носиш погрешен дрес и си на погрешна страна…

Сите се семееја додека ме влечеше за рака. Секогаш беше многу смешен кога игравме против Интер или Реал Мадрид, но е навистина добар човек. Некогаш знеше да ми каже нешто на страна што не можам да го кажам на никој друг. Штета што сме немале прилика да соработуваме“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите разочарани: Мбапе донел важна одлука

Килијан Мбапе според последните информации донел одлука да ја стави репрезентацијата на Фр…